Централно азиската држава Туркменистан, чија територија околу 80 отсто е песочна пустина ќе плати 1 289 000 американски долари на британската компанија Андру Боуен за 10 000 тони песок кои ќе ги искористи за нови патеки за коњски трки.
Симон Боуен, претставникот на британската компанија, за Радио Слободна Европа вели дека според договорот со Туркменистан тие ќе ги достават сите потребни материјали за патеките до април, меѓу кои и 10 000 тони песок од Ланкашир. Според него, многу работи се потребни за патеки за коњски трки вклучително и синтетички материјали и восок.
Претходно за Би-Би-Си Боуен рече дека туркменистанскиот песок има лоша текстура додека песокот од Ланкашир е добар за патеки за коњски трки. Вестите за набавката на песок доаѓаат и во време кога Туркменистан ги намалува трошењата поради финансиската криза.