Помпео: мировниот договор со Талибанците ќе се потпише на 29 февруари

Архивска фотографија- американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска рече дека мировниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и авганистанските Талибанци се очекува да биде потпишан на 29 февруари. Оваа изјава следува неколку часа откако претставници на авганистанската влада и талибанските лидери рекоа дека едно неделното намалување на насилствата меѓу Талибанците и американските и авганистанските сили ќе почне на 22 февруари на полноќ. На ова се гледа како на мерка за градење доверба пред најавеното потпишување на договорот идната сабота.