МВР ќе издава пасоши по приоритет

Архивска фотографија- Техничкиот министер за внатрешни работи на Северна Македонија Наќе Чулев.

МВР очекува во март да добие 100.000 обрасци за патни исправи. Во моментов се преостанати 3.700 обрасци, од нив 650 ќе бидат за издавање патни исправи по итна постапка, а останатите ќе се издаваат по приоритет. До пристигнување на новата пратка обрасци системот за издавање патни исправи се размислува да биде ставен вон функција, информира техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција.

„Приоритет ќе имаат сите оние случаи каде е неопходно издавање пасоши заради здравствени причини“, рече Чулев.

Тој додаде дека во моментов има околу 16.500 поднесени барања во редовна постапка за издавање патни исправи. Министерот рече дека во саботата контактирал и со германската Амбасада, а и со премиерот Оливер Спасовски кој лично интервенирал до германските власти за надминување на проблемот.

Чулев за сегашната ситуација рече дека е резултат на лошо планирање, пропусти во работењето и несовесно работење на претходното раководство на МВР предводено од Спасовски.