Вучиќ: Шојгу им кажа на другите дека нема да имаат ваков како мене

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу - архивска снимка

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за време на вчерашната посета на Србија им порачал на соговорниците дека нема да имаат таков како него. Вучиќ притоа не кажа што Шојгу нему лично му рекол, бидејќи, како што рече, тоа би било нескромно. „Водете сметка да не останате без Вучиќ, бидејќи таков ќе немате“, рече Вучиќ за ТВ Хепи, пренесувајќи што Шојгу им кажал на другите. Според Вучиќ, претстојните избори ќе бидат судбоносни за Србија.