ЕУ се закани со мерки против говорот на омраза на интернет

илустрација

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тијери Бретон ги предупреди големите технолошки компании дека ЕУ разгледува воведување „обврзувачки мерки“ доколку тие сами не воведат регулатива околу содржините со изрази на омраза или лажните вести. Тој ова го изјави по состанокиот во Брисел со шефот на најголемата социјална мрежа Фејсбук Марк Закерберг. ЕУ планира утре да ги објави новите предлози за регулирање на вештачката интелигенција, вклучувајќи и препознавање на лицето, кои би можело да имаат големо влијание врз технолошките гиганти како Фејсбук, Гугл и Епл.