Инцко: референдум за независност на Република Српска не би бил валиден

Високиот претставник во Босна и Херцеговина Валентин Инцко

Високиот претставник во Босна и Херцеговина Валентин Инцко изјави дека верува оти нема да дојде до референдум за отцепување на Република Српска. Според него, и доколку тоа се случи, референдумот нема да има законска валидност. „Ќе инсистираме да се почитува Дејтонскиот договор со кој се гарантира суверенитетот и интегритетот на БиХ“, изјави тој, оценувајќи дека отцепувањето би било „пречекорување на црвената линија“. Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик вчерашното обраќање пред пратениците на собранието на Република Српска го почна на англиски јазик, изјавувајќи „Збогум БиХ, добредојде РС-егзит“.