Авганистанските власти соопштија дека најмалку пет нивни војници се убиени во нападот на талибанските милитанти врз база во северниот дел од земјата и покрај очекувањата за намалување на насилствата во пресрет на американско-талибанскиот договор.
Нападот се случил вчера во провинцијата Кундуз, ден откако американскиот секретар за одбрана Марк Епсер рече дека договорот со Талибанците се заснова врз услови преку кои треба да се намалат насилствата.
Главниот извршен директор на Авганистан Абдула Абдула, пак, на денешниот владин состанок рече дека Талибанците се согласиле на седум дневно намалување на насилствата во пресрет на финализирањето на мировниот договор со Соединетите Американски Држави кој би можел да биде потпишан на 29 февруари. Се уште не е јасно кога договорот за намалување на насилството би требало да стапи во сила.