Бројката на потврдени случаи со коронавирус во Кина достигна над 70.000 луѓе. Досега починале околу 1.770. Само во последниве 24 часа биле регистрирани над 2.000 нови случаи. Тоа го потврди трендот на намалување на бројот на нови случаи заразени со овпј смртоносен вирус. Во меѓувреме, Јапонија соопшти дека дека биле забележани уште 70 инфекции на патничкиот брод кој е под карантин на јапонскиот брег. Досега таму имало над 350 заразени.