Макрон ќе поддржи преговори за С. Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март

Францускиот претседател Емануел Макрон на безбедносната конференција во Минхен.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека доколку во март бидат позитивни резултатите од извештајот на Европската комисија за Северна Македонија и Албанија, тој ќе го поддржи започнувањето на преговорите за нивно приклучување во блокот, јавува Ројтерс.

„Го чекаме извештајот во март, во зависност од тоа дали резултатите ќе бидат позитивни и се утврди доверба, тогаш ќе бидеме во позиција да ги отвориме преговорите“, изјави Макрон на конференцијата за безбедност во Минхен.