Партијата на Алијев води на изборите во Азербејџан

Претседателот на Азербејџан Илхам Алијев гласа на предвремените избори

Според првичните резултати од предвремените избори во Азербејџан владејачката партија Нов Азербејџан освои мнозинство во парламентот. До изборите во таа земја дојде откако претседателот Илхам Алијев, кој е и лидер на партијата, на 5 декември издаде наредба за распуштање на парламентот.

Власта тврди дека предвремените избори ќе помогнат во модернизацијата на законодавството во земјата и ќе ги забрзаат економските реформи. Според набљудувачите, пак, со ова ќе му се овозможи на Алијев да расчисти со елитите поставени од неговиот татко од кој Илхам ја наследи функцијата.

Кандидатите на партијата Нов Азербејџан, според досегашните резултати, освоија 64 места од 125-те колку што има парламентот. Излезноста на изборите според Државната изборна комисија изнесувала 47,81 отсто.