Најмалку 21 загинат во лавина во Турција

Илустрација

Во лавина која паднала врз планински пад во источната турска провинција Ван загинале најмалку 21 спасувач кои оделе да пронајдат двајца изгубени во друга лавина, јавуваат агенциите. Околу 300 спасувачи беа повикани на патот во близина на градот Бахчесарај кој се наоѓа на границата со Иран, откако во вчерашната лавина загинаа пет луѓе. Спасувањето го отежнуваат големите врнежи од снег и силниот ветер, а на објавените видеа се гледаат превртени возила.