Каракачанов: Историјата е јасна, Делчев напишал кој е

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов за време на посетата на Битола изјави дека треба повеќе да се чита и да се развива културен дијалог, а не политички караници, осврнувајќи се на македонско-бугарските преговори и несогласувањата за револуционерот Гоце Делчев. Според него, политичарите може да се расправаат уште 200 години, а од тоа нема добивка, туку напротив губат граѓаните

„Треба решение за проблемот на тема Гоце Делчев бидејќи историјата е јасна, а и самиот Гоце Делчев напишал што е и кој е и затоа нема смисла да се спори. Државата Македонија и државата Бугарија, односно двете држави го почитуваат, двете држави имаат споменици на Гоце Делчев. И за да не спориме, најдобро е да прочитаме што тој сам напишал“, порача Каракачанов.

Ќе утврди ли Комисијата чиј е Гоце Делчев?

На прашањето дали книгите со воено-историска тематика помагаат за подобро разбирање, Каракачанов, одговори дека фактите овозможуваат решавање на проблемите.