Се урна авион со 83 патници во Авганистан

Илустрација

Патнички авион со 83 луѓе во него денеска се урна во авганистанската провинција Гази, соопштија локалните власти. Повикувајќи се на првичните информации Вахидула Лалимзаи, гувернер на провинцијата, рече дека авионот бил на националниот авганистански авио превозник Ариана Ерлајнс и дека во него имало 83 луѓе. Во објава на социјалната мрежа Фејсбук директорот на Ариана Мирваис Мирзаквал негираше дека некој од нивните авиони се урнал. Според информациите тој се урнал претпладнево околу 20 километри југоисточно од Дех-е Гази, центарот на областа. Причините засега се непознати, а екипите се обидуваат да пристигнат до местото на несреќата.