Поранешниот украински претседател на распит за “големо предавство“

Украина- Поранешниот украински претседател Петро Порошенко доаѓа да даде исказ,24.01.2020

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко пристигна во Државното истражно биро да даде исказ како сведок за една од истрагите во која тој би можел да има активности.

Пред да влезе во зградата на истражните органи Порошенко рече дека е повикан на распит во врска со истрага за наводно големо предавство сторено во текот на преговорите за мировниот договор од Минск кој се однесува на ситуацијата во источна Украина, територија која ја контролираат сепаратистите поддржани од Русија од 2014 година.

Порошенко, кој е пратеник во парламентот и минатата година даваше исказ како сведок во неколку други случаи отворени откако не успеа да освои втор мандат на изборите што се одржаа во април минатата година. Неделава Државното истражно биро соопшти дека разгледува 13 можни случаи во кои биле вмешани Порошенко и неговите соработници.