Албанија и Косово пред Македонија во употребата на обновливи енергии

Илустрација- соларни панели и ветерници

Пропорцијата на обновливи извори во употребата на енергетските ресурси во Северна Македонија достигнала 18,1 процент во 2018-та, што е блиску до просекот на ЕУ, но претставува пад во однос на претходната година, според податоците на Евростат објавени денеска.

Во 2017-та, енергетскиот микс во Северна Македонија содржел 19,6 проценти обновливи енергии, а земјата има зацртано во 2020 да постигне 23 отсто обновливи извори на енергија. Ако е близу до просекот на ЕУ, Северна Македонија е далеку од перформансите на соседните земји: Албанија употребила 34,9 отсто, Косово 24,9 отсто, а Србија 20,3 отсто.

ЕУ си зацрта цел во 2020 да постигне 20 отсто употреба на обновливи ресурси во енергетскиот микс, и 32 отсто до 2030. Најдобра е Шведска со над 54,6 отсто енергија произведена од обновливи извори, следува Финска со 41,2 отсто. Најлош перформанс има Холандија со само 7,4 отсто обновливи ресурси во својот енергетски микс. Малта, Луксембург и Белгија се сите под десет отсто.