Кинеските власти ги предупредија луѓето да не патуваат во и од Вухан, градот во кој изби епидемијата на короновирусот. Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои деветмина починале.
"Не одете во Вухан, а тие што се таму да не излегуваат од градот“, рече денеска Ли Бин, заменик директор на здравствената комисија.
Тој исто така додаде и дека на животните не им е дозволено да патуваат во Вухан, град во централна Кина кој има 11 милиони жители. Во меѓувреме здравствените власти наведуваат и дека сепак досега нема доказ оти вирусот брзо се шири. Како и да е, тој почнал да мутира со што им отежнува на здравствените работници да го контролираат.