Кина објави дека новиот вирус мутира

новиот вирус мутира

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои деветмина починале. Се прецизира дека сепак досега немало доказ оти вирусот брзо се шири. Како и да е, вирусот почнал да мутира со што им отежнува на здравствените работници да го контролираат. Претходно Соединетите држави потврдија прв случај на вирусот, наведувајќи дека жител на државата Вашингтон кој се вратил од кинеската провинција Вухан, каде што најпрвин е регистрирана инфекцијата, бил хоспитализиран во Сиетел.