Повеќе од 200 000 луѓе без струја во Шпанија поради снежно невреме

Илустрација

Поради силните врнежи од снег и дожд денеска околу 220 000 луѓе останаа без струја во северна Шпанија, регион кој веќе е погоден од бурата Глориа. Од неделата досега во бурата која е проследена со силни ветрови, снежно невреме и многу ниски температури загинаа четири лица. Итната служба соопшти дека луѓето без струја останале во североисточната провинција Гирона, а дека повеќе од 2600 километри пат се затрупани со снег.