САД се придружуваат на иницијативата за засадување на трилион дрва

Швајцарија- Американскиот претседател Доналд Трамп на Светскиот економски конгрес во Давос,21.01.2020

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека Соединетите американски држави се придружуваат на иницијативата за засадување на трилион дрва објавена на Светскиот економски конгрес во Давос.Трамп ова го објави денеска, на отворањето на собирот што се одржуваа во швајцарското одморалиште.

„Јас многу верувам во животната средина. Сакам најчиста вода и најчист воздух“, рече Трамп.

Според планот еден трилион дрва треба да бидат посадени оваа декада со финансиска поддршка од бизнисмените, владите и филантропите. На собирот во Давос зборуваше и активистката за животна средина Грета Тунберг.