Американски дипломати ја поздравија авионската линија Белград- Приштина

Германија- Милан Труфунац, Ричард Гренел, Роберт Брајан, Мајкл Книтер и Есет Бериша на потпишување на догвоорот за директен лет Белград- Приштина

Американски дипломати присуствуваа на денешното потпишување на договорот меѓу Србија и Косово за воспоставување директна авионска линија меѓу Белград и Приштина.

Договорот беше потпишан во американската амбасада во Берлин од Милун Трифунaц, државен секретар во српското Министерство за економија и Есет Бериша, генерален директор на Цивилната авијација на Косово. На него присуствуваше и американскиот советник за национална безбедност Роберт Брајан. Тој рече дека потпишувањето значи „историски договор“ и ги нарече комерцијалните летови „крвоток на модерната економија“. Освен Брајан на потпишувањето присуствуваше и американскиот амбасадор во Германија Ричард Гренел, кој му е и советник на американскиот претседател Доналд Трамп за Србија и Косово. Денешниот потег го поздрави и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Летот меѓу Белград и Приштина ќе биде во траење од 25 минути и ќе го врши Еуровингс, компанија на Луфтаханза. Инаку, разговорите за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија стагнираат откако во 2018 година Приштина воспостави царини за српските производи од сто отсто како одговор на лобирањето на Белград држави да се откажат од признавањето на Косово.