Времето денеска ќе биде променливо облачно. На планините и на повисоките места во западните делови ќе има услови за повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, а кон крајот на денот долж Повардарието и умерен северен ветар.
Максималната дневна температура ќе се движи од два до седум степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и ќе дува слаб умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до четири степени.