Заев подготвен за владина коалиција со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека е подготвен да разговара со сите политички партии за идни соработки. Тој вели дека сепак не може да каже на што е подготвена партијата во однос на коалицирањето, оти такви одлуки носат органите и телата на партијата.

Заев во изјава за медиумите по денешниот Хуманитарен базар на СДСМ рече дека веќе почнале да разговараат со речиси сите партии за идни соработки.

„Остануваме отворени за соработка заради тоа што веројатно ние сме единствениот политички субјект, заради нашиот влог што сме го направиле во минатото, што може да соработува со сите, зборувам баш со сите, со владејачките, опозициските партии, секако освен со ВМРО-ДПМНЕ во делот на коалиции за Влада. Едниот останува опозиција, едниот е власт, но со сите други политички партии, може да соработуваме. Ќе носиме одлука според тоа што е најважно за државата, а после тоа како најдобро СДСМ ќе се позиционира во пресрет на победата која што ја очекуваме“, рече Заев.