Спасовски и Заев на средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј

Истанбул- Премиерот Оливер Спасовски во придружба на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на средба со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето Цариградската Патријаршија,13.01.2020

Премиерот Оливер Спасовски во придружба на претседателот на СДСМ Зоран Заев и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски денеска се сертнаа со Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во седиштето на Цариградската Патријаршија во Истанбул. Средбата, како што соопшти владината прес-служба, се остварила како резултат на поканата што Вселенскиот Патријарх му ја упатил Заев додека беше премиер. Премиерот Спасовски го поканил Патријархот Вартоломеј да ја посети Северна Македонија и да се сретне со верниците од православна вероисповед, се наведува во соопштението.