Шпанската влада положи заклетва

Шпанскиот премиер Педро Санчес

Дваесет и двајцата членови на шпанскиот владин кабинет денеска положија заклетва. Шпанскиот крал Фелипе Шести ја водеше кратката церемонија за инаугурација на кабинетот предводен од социјалистичкиот лидер Педро Санчес, во кој има партии од центарот до крајната левица.

Пет министри во коалициската влада доаѓаат од партијата Обединети можеме, а нејзиниот лидер Пабло Иглезијас е еден од четворицата заменици премиери во новиот проширен кабинет. Санчес како приоритети на новата влада ги постави социјалните реформи, економскиот раст и дијалогот со сепаратистите во североисточна Каталонија. Сите 22-јца министри одделно денеска се заколнаа дека ќе го почитуваат шпанскиот устав и дека ќе и бидат лојални на монархијата.

Коалициските влади се вообичаени во многу европски земји, но во Шпанија конзервативците и социјалистите владееја самостојно наизменично по враќањето на демократијата во 1978 година до што дојде по смртта на генералот Франциско Франко во 1975 година.