Двајца загинати во бомбашки напад во Пакистан

Пакистан- маж повреден во експлозијата на бомбам 07.01.2020

Две лица загинаа, а 16 се повредени во бомбашки напад во југозападниот пакистански град Куета, соопштија властите. Шефот на локалната полиција Абдул Разак Шема вчера рече дека мотор со бомба експлодирал кога поминувало возило на безбедносните сили. Одговорноста за нападот ја презема Џамат ал- Ахрар, отцепена фракција на пакистанските Талибанци. Куета е главниот град на богатата со ресурси провинција Балошистан и се граничи со Авганистан. Провинцијата е често мета на секташки насилства, напади на исламистичките милитанти и на сепаратистите.