На Косово уапсена жена која го критикувала убиството на Солејмани

Призрен

Косовската полиција уапси лидерка на мала шиитска заедница во југозападниот дел на земјата, откако таа го пофалила иранскот генерал Касем Солејмани кој беше убиен во американскиот воздушен напад во минатата недела. Икбале Худути-Бериша од Призрен беше приведна на 7 јануари по наредба на обвинителството и ќе остане во притвор 48 часа чекајќи на судска одлука, изјави портпаролот на полицијата Даут Хоџа. Таа деновиве ги критикуваше Соединетите држави за убиството на Касем Солејмани, кого го оцени како „голем човек“. Косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот во заминување Рамуш Харадинај изразија поддршка за овој потег на САД.