Курти: Тачи не спомна никаков рок на состанокот

Лидерот на движењето СамоопределувањеАлбин Курти тврди дека косовскиот претседател Хашим Тачи на вчерашнатакуса средба не спомнал никаков рок. Тој во изјава за РСЕ вели дека средбата траела 6 минути и дека од кратката консултативна средба не произлегуваат никакви правни ефекти.

„Претседателот не спомна никакви рокови, ниту пак ја изговори фразата „48 часа“, која подоцна ја напиша на неговиот фејсбук статус. На состанокот кој траеше помалку од 6 минути бевме шестмина’“ изјави Курти.

Претходно Тачиму дал рок од 48 часа за да одреди мандатар за составување на влада со што ќе се оконча тримесечната постоизборна криза.Во соопштението од кабинетот на Тачи е наведено дека рокот е даден со цел да се разбере итната потреба од формирање на Влада и дека се очекува што поскоро да биде соопштено името на предлог претседател на косовската влада.

Курти соопшти дека движењето Самоопределување кое освои мнозинство од гласовите е во преговори со Демократскиот сојуз на Косово околу коалицирање во новата Влада.