Мицотакис во Вашингтон на разговори со Трамп

Киријакос Мицотакис

Шест месеци по доаѓањето на власт Киријакос Мицотакис денеска, како грчки премиер ќе пристигне во прва посета на Белата куќа и ќе разговара со претседателот Доналд Трамп за напнатоста меѓу Грција и Турција. Грчкото турските односи повторно се на проба по потпишувањето на спорниот поморски и воен договор меѓу Анкара и либијската меѓународно призната влада за разграничување на Средоземното море. Турција и Либија немаат меѓусебна граница па овој потег освен Грција го критикуваа и Кипар и Египет.