Меркел во Русија на 11 јануари

Архивска фотографија- средба на рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел

Официјален Кремљ денеска соопшти дека германската канцеларка Ангела Меркел ја прифатила поканата од рускиот претседател Владимир Путин да ја посети Русија на 11 јануари. Прес службата на Путин денеска соопшти дека двајцата политичари за време на средбата ќе разговараат за кризата на Блискиот исток, ситуацијата во Сирија, Либија и Украина.