Владата на првата следна седница ќе определи средства за Австралија

Оливер Спасовски

Пожарите кои беснеат во Австралија однесоа многу жртви и направија голема материјална штета. Им изразуваме сочувство на семејствата на загинатите, како и безмерна солидарност на сите граѓани на пријателска Австралија и на сите припадници на македонската дијаспора, порача денеска премиерот Оливер Спасовски преку својот Фејсбук профил. Тој информира дела Владата на првата следна седница ќе определи средства за поддршка за справување со последиците и реновирање на домовите.