Русија ја започна испораката на гас преку Турскиот тек

„Турски тек“

Русија ја започна европската испорака на гас преку новиот гасовод „Турски тек“ кон Турција, соопштинеделата бугарскиот Булгартрансгаз. Преку овој гасовод Москва сака да ги намали своите испораки преку Украина. Како дел од таа намера е и удвојувањето на на капацитетот на гасоводот Северен тек преку Балтичкото Море до Германија. „Руските испораки на гас не само за нас, туку и за Грција и Северна Македонија се спроведуваат “, рече извршниот директор на Булгартрансгаз, Владимир Малинов, за бугарското национално радио БНР.