Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Ингушетија

Знамето на Исламска држава

Терористичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во рускиот северен кавкаски регион Ингушетија во кој беше убиен еден полицаец. Двајца млади мажи се влетаа со својата кола во полицаецот на 31 декември, а потоа нападнаа други полициски службеници во главниот град на Ингушетија Магас. Регионалните власти соопштија дека еден полицаец загинал, а тројца други се повредени во инцидентот, во кој еден од напаѓачите е загина, а другиот е повреден и се наоѓа во болница. Исламска држава во соопштението објавено вчера наведува дека тие ја преземаат одговорноста за нападот.