Моралес: Ќе се вратам во Боливија за една година

Ево Моралес

Сменетиот лидер на Боливија, Ево Моралес, кој е во егзил во Аргентина, изјави дека планира да се врати во Боливија до следниот Божиќ.

„Од безбедносни причини, не можам да зборувам детално за планот што го имам за враќање во Боливија. Но, човек мора да се врати во својата земја“, вели Моралес во интервју за Ројтерс.

Моралес кој во моментот е во Буенос Аирес, вели дека и помага на својата партија да се подготви за претстојните специјални избори. Членовите на неговата партија „Движењето за социјализам“ треба да се состанат во Буенос Аирес в недела за да започнат со избор на кандидати.

Тој поднесе оставка на 10 ноември, а потоа, првично, најде прибежиште во Мексико по масовните протести на граѓаните кои тврдеа дека првиот круг на изборите, на кои е прогласена неговата победа, е нерегуларен. Моралес е сигурен дека неговата коалиција повторно ќе го добие мандатот за претседател.

Неговата победа на изборите во октомври беше поништена со нерегуларности откриени од меѓународни набљудувачи. Скандалот предизвика смртоносни немири и го принуди Моралес да поднесе оставка и да ја напушти Боливија кон средината на ноември. Моралес негира какви било злоупотребивели дека му е жал само затоа што немал навремени информации за „ државниот пуч што го собори од власт“.