Брегзит ја помина првата пречка во британскиот Парламент

Новоизбраниот парламент на Велика Британија го одобри предлог договорот за Брегзит на Борис Џонсон со големо мнозинство , по што земјата ќе може да ја напушти Унијата на 31 јануари. Со победата на конзервативците во британскиот парламент предлогот помина со 358 гласа „за“ наспроти 234 кои беа „против“.

„Денеска ќе го испорачаме ветувањето што го дадовме пред народот, дека ќе го спакуваме гласањето за Брегзит пред Божиќ“ рече Џонсон по гласањето во Парламентот. Последниот чекор од ратификацијата на договорот ќе се случи по Божиќ при што рокот е до 9 јануари за да може да се завршат сите процедури пред 31 јануари до кога веќе треба да биде одобрен и од Кралицата Елизабета Втора. Со договорот се ограничува период на транзицијата со што владата нема да може да ги пролонгира роковите до кои ќе треба да ги следи правилата на Европската Унија.