Албанија доби Специјално јавно обвинителство

Архивска фотографија- претседателот на Албанија Илир Мета

Со давањето заклетва пред шефот на државата,Илир Мета,денеска и официјално почна со работа Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал(СПАК). Него го сочинуваат девет обвинители а прв човек на институцијата е Арбен Краја,со мандат од три години. На свеченоста присуствуваше и спикерот на албанскиот парламент Грамоз Ручи, евроамбасадорот Луиџи Сореца, како и странски дипломати. Краја во својата прва изјава упати апел до граѓаните да имаат целосна доверба во сите членови на СПАК дека најсовесно ќе ја извршуваат зададената задача и додаде дека треба да се плашат „оние кои го прекршуваат законот“. Тој не кажа со кое досије институцијата ќе ја почне работата, каде се верува дека има 160 досиеја.