СЈО реагира што парите за нив одат за избори

Специјалното јавно обвинителство бара повлекување на амандманот на предлог Буџетот за следната година, со кој парите предвидени за СЈО се пренаменуваат за спроведување на предвремените парламентарни избори. Од ова обвинителство реагираат дека со загриженост и неверување ја примиле информацијата за пренамена на парите. Во соопштението објавено на нивната веб страница се наведува дека според законот за СЈО, кој е на сила до 15 септември 2020, други институции не може да го менуваат финансискиот план на ова обвинителство.

Обвинителство по апсењето на специјалната обвинителка Катица Јанева функционира со проблеми, а властите се уште не донесоа закон со кој ќе се предефинира статусот на ова обвинителство.