САД и Кина постигнаа согласност за првата фаза од трговскиот договор

Американското и кинеското знаме

САД и Кина соопштија дека постигнале согласност за првата фаза од трговскиот договор кој вклучува намалување на американските тарифи за кинеска стока. Веста ја потврди и американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер.

Кинеските власти порачаа дека двете земји оствариле голем напредок и дека се согласиле за текстот на прелиминарниот трговски договор. Кина ќе увезува повеќе американска пченица и пченка по договорот, но не е јасно колкава количина точно. САД вршеа притисок врз Пекинг да купи земјоделски производи од земјата во вредност од 50 милиони долари.