Џонсон се надева дека ќе се затвори дебатата за Брегзит

Британскиот премиер Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон изрази надеж дека со победата на неговата партија на предвремените избори ќе се затвори дебатата околу Брегзит и со тоа ќе се овозможи заздравување на земјата. Тој порача дека народот ќе се обедини и најави дека ќе изгради еднакво партнерство со ЕУ.

Тој претходно изјави дека Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 јануари како што беше планирано, по повеќе од три години политички несогласувања околу Брегзит.