Судот во Бишкек донесе одлука за замрзнување на банкарските сметки на киргистанскиот сервис на Радио Слободна Европа, на еден нивни дописник и на киргистанскиот информативен портал Клуп.
Ова следува по нивното заедничко новинарско истражување за широко распространетата корупција во царинската служба во земјата и масовниот одлив на готовина.
Замрзната е банкарската сметка и на порталот 24.кг, кој ги реобјавил клучните наводи од истражувањето. Тужбата против медиумите е поднесена од неколкумина луѓе кои се жалеле дека со текстовите им се повредува „честа, достоинството и деловната репутација“. Тие бараат стотици илјади долари оштета. Минатиот месец киргистанското обвинителство отвори истрага за да ги потврди наводите што ги објавија медиумите.