Мицкоски - Законот за јазици е правна дивоградба, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција рече дека ќе поднесат амандмани на Законот за употреба на јазиците, кои пред сè ќе ги содржат забелешките од Венецијанската комисија, и ќе бидат во согласност со Уставот.

Мицкоски вели дека законот треба да се направи уставен и никој во државата да не се чувствува оштетена страна. Тој вели дека амандманите треба да бидат поддржани од власта, со што ќе се демонстрира зрелост, и на тој начин да покажат дека нема да има компромиси со правото.

Овој закон, вели Мицкоски, е правна дивоградба, и дека тој е таков, затоа што Зоран Заев манипулирал со чувствата на граѓаните и сакал гласови со измама и тоа од Албанците.