Пендаровски нема против порано ратификување на Протоколот за НАТО

Стево Пендаровски во Претседателската вила на Водно во Скопје

Не можам да бидам убеден дека на 12 април ќе има избори, бидејќи тоа не зависи од мене, изјави македонскиот претседател Стево Пендаровски во телевизиско интервју за емисијата „Детектор“. Претседателот потсетува дека тоа е одлука која што ја носи мнозинството во Собранието и дека само од него зависи дали и кога ќе се организираат изборите.

„Јас го коментирав тоа и порано. Не е до мене, меѓутоа и така влегуваме скоро во изборна година, може да имаат партиски калкулации двете страни кои јас не ги гледам, но не можам да видам што битно ќе се промени од април до есен или до декември кога е крајниот
рок,“ вели Пендаровски.

Тој додаде дека нема ништо против Собранието предвремено да го ратификува протоколот за НАТО, бидејќи за членството во Алијансата постои јасна политичка волја кај сите политички субјекти.