Захариева: Македонските и албанските преговори за членство во ЕУ не треба да се одложуваат

Македонските и алабанските преговори за членство во ЕУ не треба да се одложува поради францускиот предлог за нова методологија за преговорите за присоединување. Тие процеси можат да се одвиваат паралелно, изјави денеска бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за време на конференција во Софија посветена на Западен Балкан. Таа истакна дека дел од реформите предложени од Франција се прифатливи за Бугарија, но дека тоа не значи дека давањето зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија треба да се одложи до усвојување на новата методологија.

Таа изрази надеж дека во следните шест месеци Скопје и Тирана ќе добијат зелено светло за почеток на преговори со ЕУ.

„Понекогаш сум еден од најгласните министри за надворешни работи дека ЕУ не може да донесе одлука. За тоа не е виновна само Унијата. Голема одговорност имаат и земјите кандидатки“, додаде шефицата на бугарската дипломатија.