Втор ден протести во Минск

Стотици демонстранти денеска по втор пат се собраа во белоруската престолнина на протести против продлабочување на „интеграцијата“ со Русија откако руските и белоруските власти седнаа на маса за да ги истражуваат опциите за економска конфердерација. Првиот протест се одржа во исто време кога рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко разговараа за реализација на договорот за Унија потпишан пред 2 децении. По средбата која се одвиваше во Сочи, ни Путин ни Лукашенко не соопштија како поминале разговорите, но од нивните кабинети најавија дека на 20 декември ќе има повторна средба.