Временска прогноза- магливо и облачно

Облачно време

Денеска не очекува малглив ден со ниска облачност по котлините, а попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во југоисточните делови повремено умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со магла и ниска облачност, а попладне облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне 12 степени.

Во текот на следните два дена се очекува мала до умерена облачност, а во вторник се очекува попладне и врнежи од дожд, додека на планините и снег.

Минимална температура ќе изнесува од минус пет до три степени, а максималната температура ќе биде во интервал од девет до 15 степени.