Пендаровски со честитка за празникот Св. Климент Охридски

Стево Пендаровски во Претседателската вила на Водно во Скопје

Чествувањето на Св. Климент Охридски како основоположник на Oхридската книжевна школа нема само национално значење,ги надминува локалните и регионалните рамки и е од значење за севкупната европска култура, се вели во писмото што македонскиот претседател Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски го упати до поглаварот на МПЦ г.г. Стефан. ж

„Затоа да го почитуваме и достојно да го продолжиме делото на Св. Климент Охридски, водени од неговиот хуманизам, трудољубивост
и чесност. Ви посакувам празникот да го поминете во мир и радост, исполнети со пастирска љубов и грижа за сите верници. Нека ни е честит празникот и за многу години“, стои во честитката од претседателот на државата Пендаровски