Студентски протест во Охрид

Студенти со индекс

Студентите од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид испратија петиција до Собранието, Владата и министерството за образование со коебараат да не се транформира оваа високообразовната установа. Претходно,осуммина пратеници до Собранието доставија предлог-закон за измена и трансформација на Универзитетот за информатички науки и технологии во, како што појаснуваат, високообразовна установа што ќе креира навистина обучен и квалитетен кадар.

Студентите сметаат дека со измените ќе бидат деградирани нивните дипломи и губење на статусот инженери по информатички науки.

„Целта е да се отфрли таквото барање. Овој предлог закон најмногу не засега нас запишаните студенти кои сме моментално повеќе од 400. Доколку се потребни реформи во институцијата, бараме најмалку што може барем и ние да бидеме вклучени во процесот. Проблемоте што ние го губиме звањето компјутерски инженер“, изјави Наумче Јончески, студент од четврта година на УИНТ „Св. Апостол Павле“.