Трамп: Добро се одвиваат разговорите со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговорите со Кина се се одвиваат добро. Двете најголеми економии во светот се обидуваат да постигнат договор за првата фаза околу нивните трговски несогласувања и да стават крај на нивната 17 месечна „војна“.

Трамп во октомври изјави дека очекува наскоро да се влезе во втората фаза преговори откако ќе биде завршена првата фаза. Втората фаза, според него, ќе се фокусира на клучните забелешки на САД дека Кина ја краде американската интелектуална сопственост, принудувајќи ги американските компании својата технологија да им ја префрлат на кинеските ривали.