Русија ќе поддржи продолжување на договорот со САД за нуклеарно вооружување

Рускиот претседател Владимир Путин

Русија е подготвена до крајот на оваа година да го продолжи договорот за контрола на нуклеарно вооружување СТАРТ без дополнителни услови и понатамошна дискусија, изјави рускиот претседател Владимир Путин, јави Интерфакс.

Договорот СТАРТ, која истекува во февруари 2021 година, е последниот најголем договор за контрола на нуклеарното вооружување меѓу Русија и САД и го ограничува бројот на распоредување на стратешки нуклеарни боеви глави.