Пелоси побара да продолжи процесот за импичмент на Трамп

Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Нанси Пелоси,

Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Нанси Пелоси изјави дека наложила Комитетот за правосудство да подготви предлог текст за импичмент на претседателот Доналд Трамп, поради притисокот врз Украина да отвори истрага противи неговиот политички ривал Џо Бајден.

„Претседателот ја злоупотреби својата моќ за своја лична политичка корист на штета на нашата национална безбедност“, рече Пелоси во телевизиско обраќање.

Таа додава дека „во Америка никој не е над законот“. Судскиот комитет започна со јавни расправи на 4 декември, и тој треба да изготви заклучок за импичментот или да покрене формални обвиненија. Импичментот на Трамп следи по објавените податоци за телефонскиот разговор на 25 јули што Трамп го имал со украинскиот претседател Володимир Зеленски со барање Киев да отвори истраги за политичките ривали на Трамп.