Трудо: го чекам пристапувањето на С. Македонија во НАТО

канадскиот премиер Џастин Трудо

„Добредојдовте на масата на НАТО Зоран Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во Алијансата, напиша канадскиот премиер Џастин Трудо на својот Твитер профил. „Благодарам за продуктивната дискусија за важноста на НАТО и можностите за зајакнување на инвестициите меѓу двете земји“, додава Трудо на Твитер. Премиерот Зоран Заев на маргините на состанокот на лидерите на земјите членки на НАТО во Лондон, оствари средби со премиерите на Канада и Шпанија, Џастин Трудо и Педро Санчез и со германската канцеларка Ангела Меркел.